Сити се распрашува за Рафа Леао

Сити се распрашува за Рафа Леао

пред 2 дена

Манчестер сити со големи амбиции ќе влезе во новата сезона, откако претходната се претвори во катастрофа. Пеп Гвардиола и неговиот тим не освоија ниту еден трофеј.

Во пресрет на новата сезона, Сити се засили со Рајан Шерки, Тијани Рејндерс, Рајан Аит-Нури, Маркус Бетинели, Свере Нипано и Џејмс Трафорд.

Гвардиола, до крајот на преодниот рок сака дополнително да ја зајакне својата крилна напаѓачка линија. Клубот бара напаѓач кој ќе комбинира брзина и физичка сила.

Џереми Доку немаше најдобра сезона минатата година, а истото може да се каже и за Фил Фоден, кој беше клучен за претходните успеаси на Сити.

Според „Фихајес“, Пеп Гвардиола го сака Рафаел Леао. Португалскиот репрезентативец има желба да го напушти „Сан Сиро“.

Леао сака нов предизвик во својата фудбалска кариера откако пристигна во Милан во 2019 година. Трансферот би можел да чини 110 милиони евра.

Share
Scroll to Top