Скандал: Барса го остави Ертел во Истанбул, преговарал со Реал

Скандал: Барса го остави Ертел во Истанбул, преговарал со Реал

пред 5 месеци

Неверојатна информација доаѓа од Истанбул, каде синоќа Барселона гостуваше кај Анадолу Ефес во Евролигата. Ефес, ја прекина серијата од три порази со триумфот од 86:79.

По завршувањето на натпреварот Барселона му забраниле на Тома Ертел да влезе во клупскиот авион и го оставиле во Истанбул.

Барселона и Ертел преговараат за спогодбен прекин на соработката. Планот на клубот бил Ертел да заврши во Фенербахче, меѓутоа тој преку менаџерската агенција „Беобаскет“, тајно водел преговори со Реал Мадрид.

Бидејќи преговарал со најголемиот ривал на Барселона, Каталонците не му дозволиле да се врати со тимот во Шпанија.

Во перидот на пандемија, Ертел ќе има големи проблеми за да се врати во Барселона каде се наоѓа неговото семејство.

Share

ANIMEFLIX anime stream: Bleach (Dub) Episode 366

AnimeTV ha anime tv: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 19

Scroll to Top