Јужноамериканското фудбалско мега-дерби меѓу Бразил и Аргентина е во прекин, откако имаше неверојатни сцени во кои бразилските здравствени власти влегоа на теренот во обид да ги заддржат (и да ги депортираат) четирите аргентински фудбалери кои наводно лажеле за да влезат во земјата.
Во нешто досега незабележано во светскиот фудбал и покрај кризата со КОВИД-19, здравствените власти заедно со полицијата влегоа на теренот за да ги уапсат Серхио Ромеро, Џовани Ло Селсо, Емилијано Буендија и Емилијано Мартинез.
Причината е таа што тие играат во Премиер лигата, а во своите изјави за да влезат во Ресифе напишале дека во последно време не биле на територијата на Велика Британија. Тие и пред мечот добија наредба да го напуштат Бразил, но селекторот Лионел Скалони реши да стартува со тројца од нив како стартери – Ло Селсо, Мартинез и Буендија.
Апсолутно неверојатно!
❗The game between Argentina and Brazil is suspended, the Argentinian players are back in the locker.
How it started…#BRAARGpic.twitter.com/EgA1RkOEnY
— B/R Goal (@br_goal) September 5, 2021