Сколс: На моменти Јунајтед наликуваа на пионерски тим

Сколс: На моменти Јунајтед наликуваа на пионерски тим

пред 4 години

Поразот на Манчестер Јунајтед од Башакшехир е една од главните спортски теми во Англија. Најжестоки критичари се поранешните соиграчи на менеџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

Јунајтед, во Истанбул, примија два гола поради две катастрофални грешки во одбраната. најпрвин Демба Ба во 13, а потоа и Един Вишча во 40 минута ја запечатија судбината на Манчестер Јунајтед.

„Ова е исто како да гледавме пионерски тим. Не можам да објаснам што правеше одбраната. Тој гол (Демба Ба) е комичен, смешен“, рекол Пол Сколс, член на една од најславните генерации во клупската историја.



Share
Scroll to Top