СМС најдобар играч во полу-финалните баражи

СМС најдобар играч во полу-финалните баражи

пред 4 години

Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) од УЕФА е прогласен за најдобра играч на синоќешните бараж натпревари за пласман на Европското првенство.

Србија во продолженијата забележа победа во Осло над Норвешка од 2:1. Двата гола за Србија ги постигна фудбалерот на Лацио.

СМС на теренот влезе во 80 минута, веќе во следната го постигна водечкиот гол на натпреварот, а откако Норвежаните израмнија во 88 минута, тој во 103 со прекрасен гол ѝ ја донесе победата на својата репрезентација.

Србија за пласман на Европското првенство на 12 ноември ќе игра на домашен терен против Шкотска.

Share
Scroll to Top