Солскјер би прифатил да се врати во Манчестер јунајтед

Солскјер би прифатил да се врати во Манчестер јунајтед

пред 2 месеци

Оле Гунар Солскјер бил подготвен да се врати на клупата на Манчестер јунајтет. Норвежанецот ова го изјавил на бизнис форумот во Осло, секако под претпоставка дека некој во клубот го повика да го замени Ерик Тен Хаг.

„Ако вашето семејство ве покани да им помогнете, секако дека ќе го прифатите, нели?“, рекол Норвежанецот и дополнил.

„Сепак, Манчестер јунајтед има тренер. Навистина не сакам да зборувам на таа тема во оваа ситуација. Но, ако треба да одговорам, мојот одговор би бил потврден“.

Солскјер беше сменет од клупата на Манчестер јунајтед во септември 2021 година и оттогаш нема никаков ангажман како тренер или селектор, иако имаше неколку покани, пред се од канадската репрезентација и клубови од Саудиска Арабија.

Манчестер Јунајтед моментално ја зазема 11-та позиција на табелата во Премиер лигата со седум освоени бода од пет натпревари, а во средата вечерта ремизираше на домашен терен против холандски Твенте во првиот натпревар од новото издание на Лига Европа.

Share
Scroll to Top