Солскјер: Мора да ги слушаме навивачите

Солскјер: Мора да ги слушаме навивачите

пред 4 години

Тренерот на Манчестер Јунајтед – Оле Гунар Солскјер ги коментираше протестите пред „Олд Трафорд“ поради кои беше одложено дербито со Ливерпул. Истакна дека го почитува мислењето на навивачите, но смета дека сепак овојпат ситуацијата излезе од контрола.

„Мора да го слушаме гласот на навивачите, сите имаат право да учествуваат, но на цивилизиран начин. Кога насилно ќе влезете во стадионот и кога ќе повредите полицајци, тоа е премногу. Кога работите ќе излезат од контрола – тоа е казнено дело и веќе нема врска со изразувањето на мислењето“ рече Норвежанецот.

Фановите на „црвените ѓаволи“ бараат сопствениците на клубот – семејството Глејзер да си одат од Јунајтед, но на Американците сакаат да останат и да го подобрат односот со навивачите.

„Не треба да се биде паметен за да се види дека имаме предизвици кои мораме да ги решиме. Веќе започнавме комуникација со навивачите, што ќе биде голем чекор напред во иднина. Мора да сме обединети“ вели Солскјер.

Се уште не е познато кога ќе се одигра одложениот меч со Ливерпул, но затоа утре Манчестер во Рим ќе ги одмери силите против Рома во реванш полуфиналниот дуел од ЛЕ.

Момците на Солскјер со една нога се на финалето во Гдањск затоа што во првиот меч победија со убедливи 6-2.

Јунајтед нема трофеј откако норвешкиот стратег е на кормилото – од крајот на 2018 година.

Share
Scroll to Top