Солскјер одбил да потпише со играч поради фризура!

Солскјер одбил да потпише со играч поради фризура!

пред 4 години

Менаџерот на Манчестер сити, Оле Гунар Солскјер открива дека во минатото одбил да оди да гледа потенцијално засилување за неговиот тим, само бидејќи фудбалерот имал „четка“ фризура!

Солскјер, кој тогаш работел во норвешкиот Молде, патувал со член на скаутскиот тим на клубот за да го гледа фудбалерот, но се откажал кога ја забележал фризурата. Иако неколку големи фудбалски ѕвезди, како Марек Хамшик и Артуро Видал имаат такви фризури, а и поранешниот соиграч на Солскјер, Дејвид Бекам во минатото, Солскјер вели дека тоа било лош знак.

„Еднаш отидов да гледам фудбалер и кога излезе од соблекувалната во тунелот, имаше ‘четка’ фризура. Му кажав на скаутот: ‘Ајде да си одиме, не сум заинтересиран’. Тоа беше кратко патување“, открива Солскјер во интервју за „Скај спортс“.

Еден фудбалер за кого веднаш знаел дека сака да го има во тимот бил Бруно Фернандеш кого го забележал на мечевите на Спортинг Лисабон.

„Тоа што го гледате на ТВ со него е вистинското, тоа е неговата личност. Подобро во тимот да имаш фудбалер со таков оган во стомакот. Не дава на никого ниту минута одмор, сака да е најдобриот“, објаснува Норвежанецот.

Share
Scroll to Top