Соса нема право да игра за Германија

Соса нема право да игра за Германија

пред 4 години

Борна Соса, минатата недела објави дека добил германско државјанство и дека во иднина ќе настапува за оваа репрезентација. Одлуката на фудбалерот на Штутгарт крена „прашина“ во Хрватска. Соса, во изјава за хрватските медиуми, рекол дека негова конечна одлука е да игра за Германија.

Сепак, како што објави „Кикер“, постојат административни проблеми во целиот тој трансфер.

Точка 2 од членот 9 на ФИФА, вели дека играч може да реши за која сениорска репрезентација ќе настапува, под услов да не настапил за млада репрезентација на одредена земја, пред да наполи 22 години.

Проблемот на Соса е тој, што лани во ноември играл за младата репрезентација на Хрватска, кога веќе имал полни 22 години.

ФИФА е на потег да го реши проблемот.

Инаку, Германците тврдат дека левиот бек доколку добие дозвола од ФИФА, ќе биде на списокот на Јоаким Лев за ЕУРО 2020.

Share
Scroll to Top