Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап наСветското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија.
Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на ИХФ, на состанокот во Базел, предводен од „доживотниот“ претседател на ИХФ, Хасан Мустафа, човек кој влезе во деветтата деценија од животот, ја донесе оваа контроверзна одлука.
Особено е изненадувачки што ја нема Унгарија, репрезентација која на последните две Светски првенства играше во четвртфиналето. Унгарија во баражот беше елиминирана од Србија.
Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи утре во Минхен, а репрезентацијата на Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир.
Првенството се игра стандардно во јануари следната година, а Данска ја брани титулата како четирикратен последователен светски шампион.
Првенството во Германија е и квалификациско за Олимписките игри во Лос Анџелес. Македонија треба да забележи пласман до деветтото место во Германија за да се избори место во квалификациите за најголемото спортско натпреварување во светот.






