Иако не е официјализирано, со голема веројатност се тврди дека Лучано Спалети ќе е наследникот на Џенаро Гатузо на клупата на Наполи.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас во новата сезона ќе работи со нов тренер, за кој веруваме дека ќе има поголема доверба во „македонскиот бисер“.
Експертот за трансфери Фабрицио Романо на својот Твитер профил напиша дека нов тренер на Наполи ќе биде токму Лучано Спалети.
Luciano Spalletti will be the new Napoli manager, confirmed. He has just signed his contract until June 2023. Done and completed. ? @SkySport #Napoli
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 28, 2021
Тој напомена и дека 62-годишниот стратег договорил соработка до јуни 2023 година.
Спалети во кариерата со Рома, двапати освојуваше го Куп на Италија, а еднаш и Суперкуп.