Грчкиот стручњак Василис Спанулис е новиот тренер на кошаркарот Арис, објави клубот од Солун.
Спанулис (43) потпиша тригодишен договор со Арис. Грчките медиуми објавија дека годишно ќе заработува 1.200.000 евра.
Претходно ги тренираше Перистери и Монако, а моментално е тренер на грчката кошаркарска репрезентација.
Спанулис го замени Игор Миличиќ на тренерската позиција на клубот од Солун.
Кошаркарите на Арис ја завршија сезоната во грчкото првенство на петтото место на табелата, а потоа беа елиминирани од АЕК во четвртфиналето од плејофот.
Foto/ Depositphotos






