Тотенхем враќањето на навивачите на нивниот прекрасен нов стадион го одбележа со неславен домашен 1:2 пораз од Астон вила во претпоследното коло во Премиер лигата, за кое фановите платија билет од фантастични 60 фунти.
А, работите тргнаа фантастично за тимот на Рајан Мејсон – Стивен Бергвајн уште во осмата минута ги донесе во водство, пред во 20. минута, Серхио Регуилон да си постигне автогол каков што ретко се гледа за израмнување на 1:1. Во 39. минута, Оли Воткинс ја продолжи одличната напаѓачка сезона, за да донесе 1:2 водство на Вила.
Во другите мечеви, Евертон со голот на Ришарлисон со 1:0 го совлада Вулверхемптон за да остане во игра за место во Лига Европа, додека Њукасл, со идентични 1:0 славеше над новиот второлигаш, Шефилд јунајтед.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 37.КОЛО
Евертон – Вулверхемптон 1:0
Њукасл – Шефилд јунајтед 1:0
Тотенхем – Астон вила 1:2