Спогодбено се раздели со Манчестер јунајтед, па потпиша за Бока јуниорс

Спогодбено се раздели со Манчестер јунајтед, па потпиша за Бока јуниорс

пред 5 години

Манчестер јунајтед објави дека Маркос Рохо повеќе не е играч на клубот. Аргентинецот кариерата ќе ја продолжи во Бока јуниорс.

Маркос Рохо, во Манчестер јунајтед се пресели, по Светското првенство во 2014 година. На неговиот трансфер инсистираше тогашниот тренер Луј ван Гал. Најдобриот лев бек на Мундијалот во 2014 година, во Манчестер јунајтед не ги оправда очекувањата.

Поради лошата форма и проблемите со повредите, тој за „црвените ѓаволи“ одигра 123 натпревари. Последниот натпревар за Јунајтед, Рохо, го одигра во ноември 2019 година, против Брајтон. Оваа сезона тој не беше пријавен за настапите во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед спогодбено се разделија со Рохо, кој веднаш потпиша договор со Бока јуниорс.

 

Share
Scroll to Top