Италија и Србија, двете репрезентации кои се сместуваат меѓу фаворитите на овогодишниот Евробаскет стигнаа до убедливи победи во своите први мечеви на шампионатот против, реално, далеку послаби противници.
Италија, која е во тешката група Ц со Хрватска и Грција, предводени од фантастичниот Симоне Фонтекио и неговите 17 поени во првото полувреме, стигна до 83:62 победа над Естонија, додека Србите, кои се фаворити во групата Б, со 100:76 ја победија Холандија во „загревање“ за вистинските предизвици.
ГРУПА Ц
Велика Британија – Украина 61:90
Хрватска – Грција 85:89
Италија – Естонија 83:62
ГРУПА Д
Финска – Израел 87:89
Полска – Чешка 99:84
Србија – Холандија 100:76