Србија со Јокиќ и без него се два различни тима

Србија со Јокиќ и без него се два различни тима

пред 3 месеци

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа тежок пораз од САД (84:110) во првиот натпревар на олимпискиот турнир.

Неколку часа по натпреварот, статистичарите објавија податок кој покажува дека Србија со и без актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ се две различни екипи.

Статистиката вели дека Јокиќ против САД одигра 31 минута, со него на теренот Србите биле во егал со Американците (81:81).

Во моментите кога Јокиќ не бил на теренот, точно девет минути, Американците имале +26 (29:3).

Никола Јокиќ против САД постигна 20 поени.

Share
Scroll to Top