Страшен судир на „Емирати“ – „волкот“ Хименез заврши во болница

пред 4 години

Арсенал и Вулверхемттон го играат второто полувреме на „Емирати“ во Лондон, водат гостите.

Сепак, стравична сцена се случи во 5-тата минута. При еден водзушен дуел се судрија „топчијата“ Давид Луис и „волкот“ Раул Хименез.

Веднаш влетаа лекарските тимови на теренот, а Мексиканецот одвај се поместуваше.

По неколку минути повредата на Бразилецот беше санирана, но Хименез беше одведен во болница, на снимање.

Share
Scroll to Top