Страшна глума на „рукито“ на Хјустон, наседнаа и судиите!

Страшна глума на „рукито“ на Хјустон, наседнаа и судиите!

пред 4 години

Шарлот Хорнетс синоќа со 119-94 го совлада Хјустон Рокетс во израмнет меч, се до последната чевртина кога домашните кошаркари направија +22 и ги решија дилемите околу победникот.

Одличен на мечот беше ЛаМело Бол кој постигна 24 поени со 7 скока и 10 асистенции. Сепак наградата „play of the day” оди за неговиот тренер Џејмс Борега кој ја препозна страшната глума на „рукито“ на Хјустон, Мејсон Џонс.

Пред крајот на мечот младиот играч театрално одглуми прекршок за тројка, а судиите наседнаа на тоа. Џонс шутна за 3 поени, промаши, а кога покрај него помина играчот на Шарлот, се фрли на паркетот.

Судиите досудија фаул, но целата ситуација му беше сомнителна на тренерот на Шарлот, па реши да искористи „challenge” и судиите дополнително ја проверија ситуацијата.

Кога видоа за што станува збор, ја променија одлуката.

Share
Scroll to Top