Строл испиша историја во Истанбул, прва пол-позиција во кариерата

Строл испиша историја во Истанбул, прва пол-позиција во кариерата

пред 4 години

Дождливата Ф1 патека во Истанбул беше талична за Ленс Строл на денешните квалификации пред утрешната трка за ГН на Турција.

Возачите уште вчера имаа поплаки за новиот асфалт на патеката во турскиот град, а дождот што денеска врнеше во Истанбул им направи уште поголеми проблеми.

Роман Грожан, Кевин Магнусен, Дани Квјат, Џорџ Расел, Николас Латифи беа возачите кои испаднаа по рестартот на првата сесија, а во втората квалификациска сесија истото им се случи и на Шарл Леклер, Себастијан Фетел, Карлос Саинц, Ландо Норис и Пјер Гасли.

Тоа му беше во корист на Строл кој со време 1.47.765 извозе најбрз круг и прва пол позиција во Ф1 во неговата кариера.

На втората позиција се квалификуваше Ферстапен, а пласман во вториот ред има за Серхио Перез, односно Алекс Албон.

Мерцедес денеска комплетно потфрли. Луис Хамилтон квалификациите ги заврши на шестата позиција, а Валтери Ботас беше деветти.

Share
Scroll to Top