Нема мир во Англија, по неделниот натпревар меѓу Вест Хем и Арсенал (0:1) и поништениот гол на Калум Вилсон во 95-та минута. Оваа одлука на главниот судија Крис Кавана, предизвика жестоки реакции во јавноста, бидејќи дополнително го доближи Вест Хем до испаѓање од Премиер лигата, а Арсенал до шампионската титула.
Во јавноста се појави снимка од ВАР собата во која седеше Дарен Ингланд и главниот судија Кавана.
Она што привлекува внимание е сугестијата на ВАР собата до главниот судија да ги погледне потенцијалните фаули на Леандро Тросар и Деклан Рајс, кои ги влечеа и држеа своите противници. Кавана одговори дека не гледа доволно материјал за да досуди пенал.
Како што се очекуваше, видеото се прошири на социјалните мрежи и повторно ја разгоре дебатата за лошата комуникација и одлуката на главниот судија.
Некои дури го бранат дека не му бил даден правилен агол за да ги види тие фаули од Тросар и Рајс на екранот, но, без оглед на сè, бурата не стивнува.
Вечерва, Манчестер Сити игра натпревар против Кристал Палас и има шанса да се доближи на два бода до Арсенал на две кола до крајот.






