На три недели до почетокот на Светското првенство во Катар со прогноза се „оглас“ супер-компјутерот. Прогнозата е дека титулата ќе заврши во Аргентина.
Аргентина беше светски првак во 1978 и 1986 година, а финале „гаучостите“ играа во 1990 и 2014. Во двата натпревари беа поразени со 1:0 од Германија.
Супер-компјутерот прогнозира супер-финале, Аргентина против Португалија, односно Лионел Меси против Кристијано Роналдо.
„Ако сакаме да и веруваме на вештачката интелигенција која користеше податоци за сите репрезентации, квалитетот на играчите, нивната форма, распоред и позиција на листата на ФИФА. Овие податоци често не мора да бидат пресудни. Во секој случај Аргентина со нетрпение ќе го очекува Светскиот куп во Катар“, објави агенцијата „БЦА рисрч“.