Тампа Беј Лајтнинг ја одбранија титулата

Тампа Беј Лајтнинг ја одбранија титулата

пред 3 години

Хокеарите на Тампа Беј Лајтнинг го одбранија Стенли купот. Во финалната серија, Тампа Беј, во пет натпреври (4:1) ги победија Монтерал Канедијенс.

Петтиот меч од серијата, Тампа Беј го одиграа на домашен терен и го добија со 1:0. Стрелец на голот беше Рос Колтон во втората третина.

„Овој тим засекогаш ќе биде дел од историјата“, рекол капитенот на Лајтнинг, Стивен Самкос.

За МВП на финалната серија беше прогласен голманот на Тампа Беј, Андреј Василевски. Тој е првиот голман по пауза од девет години кој ја добил оваа награда.



Share
Scroll to Top