Таткото освои бронза на ОИ во Сеул 1988 – синот со бронза на ОИ во Токио 2021

Таткото освои бронза на ОИ во Сеул 1988 – синот со бронза на ОИ во Токио 2021

пред 3 години

Далечната 1988 година аргентинскиот одбојкар Хуго Конте се врати дома со бронзен медал од Олимписките игри што таа година се одржаа во Сеул.

По цели 33 години неговиот син Факундо се врати дома исто така со бронза, од Олимпијадата во Токио.

Постариот Конте беше еден од симболите на одбојката во оваа земја, ќе остане запаметен како многу интелигентен и пожртвуван одбојкар.

Медалот во Сеул на градите на Хуго се нашол токму една година пред да се роди неговиот син. Тој медал бил инспирација и мотивација за малиот Факундо.

Токму тој во Токио беше предводник на „Гаучосите“, во борбата за медал ја совладаа селекцијата на Бразил.

„Пораснав гледајќи го олимпискиот медал на ѕидот. Дури отидов да го допрам пред да тргнеме кон Токио. Многу сум горд на нашиот успех во Токио, имавме многу пречки, но успеавме. Ова е само почеток за аргентинската одбојка“ порача Факундо Конте.

Share
Scroll to Top