Тежок противник за Ристовски и Адеми во Конференциската лига

Тежок противник за Ристовски и Адеми во Конференциската лига

пред 9 месеци

Во Нион, заврши ждрепката за 1/16 финалето во Конференциската лига. Македонија има двајца играчи во ова натпреварување. Стефан Ристовски и Аријан Адеми фудбалер на Динамо Загреб.

Најтрофејниот хрватски клуб немаше среќа, за противник го доби Бетис, еден од најквалитените тимови во Конференциската лига.

Натпреварите од нокаут фазата ќе се играат на 15 и 22 февруари, а ждрепката за осминафиналето е на 23 февруари. Финалето ќе се игра во мај во Атина.

Конференциска лига, 1/16 финални двојки:

Штурм – Слован Братислава
Сервет – Лудогорец
Унион Сен Жалоа – Ајнтрахт Франкфурт
Бетис – Динамо Загреб
Олимпијакос – Ференцварош
Ајакс – Бодо
Молде – Легија
Макаби Хаифа – Гент

Победниците од групите на Конференциската лига (Лил, Макаби Тел Авив, Викторија Плзен, Клуб Бриж, Астон Вила, Фиорентина, ПАОК и Фенербахче) директно се пласираа во осминафиналето.

Share
Scroll to Top