Шпанија стана светски шампион по втор пат откако ја победи Аргентина со 1:0, по продолженија во финалето на Светското првенство. Натпреварот беше обележан со грубата игра на аргентинската репрезентација, а беше решен со голот на Феран Торес, кој со тоа му се придружи на Андрес Иниеста како единствен Шпанец кој постигнал гол во финален натпревар на Светско првенство.
Медиумите од Англија, чија репрезентација беше елиминирана од Аргентина во полуфиналето, беа особено остри кон Аргентина по прикажаната игра во финалето.
Најжестоки со критиките беа од „Телеграф“, во текстот ја промовираа Шпанија ќеко заштитник на фудбалот.
„Фудбал 1, Криминалци 0. Беше потребно продолжение за да се стигне до оваа точка, но за среќа, спортот на крајот победи. Шпанија го освои Светското првенство и сите имавме корист од тоа. Фудбалот е подобар поради тоа. Беше неопходно Шпанија да го добие ова финале“, пишува во текстот.
Англискиот весник особено го критикуваше напаѓачкиот настап на Аргентина, која не упати ниту еден удар во текот на 90-те минути.
„Меси и Аргентина не заслужија ништо, од причина што не направија ништо. Тие станаа првите финалисти на Светското првенство кои не упатија ниту еден удар во регуларното време. Тие не понудија ништо освен фаули, фаули и уште повеќе фаули.“
„Телеграф“ исто така го истакна фактот дека Аргентина направи повеќе фаули во првото полувреме отколку што имаше додавања во последната третина од теренот.
„Во првото полувреме, тие направија повеќе фаули, девет, отколку што имаа додавања во последната третина од теренот, осум. Беше мизерен и депресивен фудбал. На крајот, го добија она што го заслужија“, завршува текстот.
Foto/ EPA






