Тео Ернандез: Реал не веруваа во мене, во Милан сум среќен

Тео Ернандез: Реал не веруваа во мене, во Милан сум среќен

пред 4 години

Тео Ернандез е помладиот брат на најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен, Лукас Ернандез. Во неделата, со два гола, му донесе на Милан бод против Парма. Браќата Ернандез, потекнуваат од школата на на Атлетико Мадрид, но Тео за разлика од Лукас никогаш не доби вистинска шанса од Диего Симеоне.

Вниманието врз себе го сврте во сезоната кога играше како позајмен играч во Алавез. Со овој клуб стигна до финалето на Купот на Шпанија, кое на крајот и припадна на Барселона.

Одличната сезона му донесе трансфер од Атлетико во Реал за сума од 20 милиони евра. Тео сепак не доби шанса ниту во Реал, иако со „кралскиот клуб“ стана европски првак.

Барајќи го совето „место под сонцето“, Тео се пресели во Милан. На „Сан Сиро“ покажа квалитет, поради што минатото лето Милан го откупија договорот на левиот бек од Реал.

„Не знам дали во Реал им е жал што заминав, не размислувам на таа тема. Без млад кога дојдов во Реал, не добив шанса. Немаа доверба во мене, поради што и решив да заминам. Не се гледам како играч на реал во иднина. Уживам во својот престој во Милано, среќен сум во Милан“, рекол Тео Ернандез за италијанските медиуми.

Share
Scroll to Top