Тешка повреда: Родри ја заврши сезоната

Тешка повреда: Родри ја заврши сезоната

пред 11 месеци

Родри, фудбалерот на Манчестер Сити, ја заврши сезоната поради повреда на коленото.

Фудбалерот на Сити се најде на тревата веќе во 17. секунда од големото и исклучително возбудливо дерби во Премиер лигата, потоа Хаверц го испрати на земја, но Родри стана и го продолжи мечот, но не помина многу време и беше заменет.

Се испостави дека Родри е тешко повреден, му се оштетени лигаментите на коленото и оваа сезона за него е завршена.

Шпанскиот фудбалер веќе се подготвува за патувањето во Мадрид на нови тестови каде ќе се утврди степенот на повреда и пред да замине на операција, специјалистите детално ќе го разгледаат неговото колено.

Она што во моментов е познато е дека Родри ја заврши сезоната, дека го чека операција, а наскоро ќе биде попрецизно познато кога ќе биде опериран и кога треба да се врати на тренинзите.

Share
Scroll to Top