Тим шокиран уште на стартот во Дубаи

Тим шокиран уште на стартот во Дубаи

пред 4 години

Јужноафриканецот Лојд Херис ја забележа најголемата победа во неговата кариера, елиминирајќи го првиот носител Доминик Тим со 6:3/6:4 во второто коло на Дубаи шампионатот.

24-годишниот Херис победи по само 72 минути игра за прв триумф над топ 5 тенисер, откако минатата недела во Катар со победата над Стен Вавринка првпат победи топ 20 тенисер. Светскиот рекет број 81. во осминафиналето ќе се сретне со Србинот Филип Крајиновиќ, кој со 7:5/6:4 го совлада Шпанецот Алехандро Давидович Фокина.

Кеи Нишикори, пак, остана непоразен против Давид Гофан (4-0), победувајќи го со 6.3/7:6(3) за дуел со Словенецот Аљаж Бедене во третото коло, откако тој имаше 10 аса за 6:4/6:3 победа над Лоренцо Џустино. Во третото коло е и Русинот Карен Хачанов, кој со 6:4/3:6/7:6(4) во тешка битка го победи шампионот од Сингапур, Австралиецот Алексеј Попирин.

Share
Scroll to Top