Тони Крос попрво би отишол во пензија, отколку во Манчестер сити

Тони Крос попрво би отишол во пензија, отколку во Манчестер сити

пред 2 години

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос ги одбил сите понуди од Манчестер сити за да се пресели кај англискиот шампион следното лето и покрај големата желба на Пеп Гвардиола повторно да работи со Германецот (со кого беше и во Баерн Минхен).

Според „Дефенса сентрал“, 32-годишниот Крос има намера да продолжи со Реал Мадрид, уживајќи во играта и во животот во шпанската престолнина, но дури и „кралскиот“ клуб да се реши да не му го продолжи договот, би преферирал да се повлече од професионалниот фудбал отколку да се пресели во друг клуб.

Крос произлезе од фудбалската школа на Ханза Рошток, но набргу направи трансфер во Баерн Минхен, со кои освои титули од Бундеслигата и Лигата на шампионите, за во 2014 да премине во Реал Мадрид за 40 милиони евра. Тој се повлече од германската репрезентација по минатогодишното Европско првенство и не е во тимот кој ќе настапи на СП во Катар.

Share
Scroll to Top