Топката со ѕвезди на Адидас оди во историјата по 26 години

Топката со ѕвезди на Адидас оди во историјата по 26 години

пред 1 час

Од сезоната 2027/28, Најк ќе ја произведува официјалната топка за Лигата на шампионите и другите клупски натпреварувања на УЕФА, потврди европската куќа на фудбалот.

Со ова завршува ерата на Адидас, чија топка со ѕвезди беше заштитен знак на Лигата на шампионите 26 сезони, од 2001/02 до крајот на оваа сезона.

Договорот е важечки четири години, до 2031 година, и ги вклучува Лигата на шампионите, Лигата Европа, Конференциската лига, Суперкупот, Младинската лига и футсал Лигата на шампионите.

За прв пат, сите машки клупски натпреварувања на УЕФА ќе се играат со истата топка од производителот, а Најк ќе го замени брендот Кипста на Декатлон во европските и конференциските лиги.

Вредноста на договорот не е официјално објавена, но според медиумите, таа изнесува повеќе од 40 милиони евра годишно. Тендерот го спроведе компанијата УЦ3, заедничко комерцијално тело на УЕФА и европските клубови, а Адидас и Пума, се натпреваруваа заедно со Најк. Станува збор за околу 531 натпревар по сезона, односно повеќе од 2100 за четири години.

„Возбудени сме и почестени што се враќаме во Лигата на шампионите, една од најголемите фудбалски сцени, по повеќе од две децении. Ова е долгорочна обврска за Најк“, рече Камило Андраде, потпретседател и генерален директор на Најк Фудбал.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top