Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Ливерпул, Фернандо Торес се пензионираше во август 2019 година, по што се посвети на бодибилдингот (направи огромни мускули), а сега со еден чуден пост на Инстаграм најави дека не може без фудбалот дека се враќа.
Шпанецот последно играше за Саган Тосу во Јапонија, а последните месеци зачудуваше со својата физичка трансформација, но сега со дрес со број 9 на грбот, напиша: „Го сфаќам животот само на еден начин – кога играм. Затоа, решив да се вратам. Овој петок ќе кажам каде“.
Останува да се види дали 37-годишниот ветеран навистина планира камбек во професионалниот фудбал или се работи за некој спонзорски договор или добротворна акција.
View this post on Instagram