Торино „ја згази волчицата“ со пресврт – злато вредни бодови за опстанок

Торино „ја згази волчицата“ со пресврт – злато вредни бодови за опстанок

пред 3 години

Фудбалерите на Торино вечерва дојдоа до многу вредни 3 бода во 31. коло во Серија А. На олимпискиот стадион во Торино „падна“ екипата на Рома со резултат 3-1, откако првото полувреме им припадна на гостите со 1-0.

Уште во 3. минута Мајорал ја донесе „волчицата“ во водство иако во текот на првото полувреме Торино беше екипата која имаше многу повеќе од играта.

Во вториот дел Санабрија во 57 минута носи израмнување, а голот за целосниот пресврт беше дело на Симоне Заза во 72 минута.

Рома остана со десетмина на теренот откако Дијавара во 85 минута „поцрвене“.

Тоа го искористија домашните, па во 92 минута Ринкон ги постави конечните 3-1.

Со денешните бодови Торино се одлепи од Калјари (кој е првата екипа под цртата што значи испаѓање во Серија Б) на 5 бодови, а згора на тоа имаат и меч повеќе за играње за разлика од конкурентите.

Рома по поразот останува на седмата позиција со 54 бодови.

Share
Scroll to Top