Торонто Репторс ќе го пензионираат дресот на Картер

Торонто Репторс ќе го пензионираат дресот на Картер

пред 5 часа

Поранешниот НБА кошаркар Винс Картер ќе стане првиот играч во историјата чиј дрес ќе го пензионира Торонто Репторс, пренесуваат бројни американски медиуми.

Ер Канада, како што го нарекуваа додека беше активен играч, е единствениот кошаркар во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој играл во четири декади.

Тој беше избран како прв пик на НБА драфтот во 1998 година, а кариерата ја заврши во 2020 година со вкупно 25.728 постигнати поени во 1.541 одигран натпревар.

Во својата кариера, Винс постигна 9.420 поени за Репторс, што е четврти во клупската историја, а се уште го држи рекордот за највисок просечен број на поени по натпревар, во сезоната 2000/2001 постигнувал по 27,6 поени по натпревар. .

Свеченото пензионирање на неговиот дрес ќе се одржи на 2 ноември, кога канадскиот тим ќе се сретне со Сакраменто Кингс.

Исто така, следниот месец Картер и официјално ќе стане член на Куќата на славните на кошарката, а неговиот дрес од Бруклин ќе биде пензиониран во јануари.

Share
Scroll to Top