Тотенхем избега од опасната зона

Тотенхем избега од опасната зона

пред 48 минути

Фудбалерите на Тотенхем ја победија Астон Вила во Бирмингем (2:1), во натпреварот од 35-то коло од Премиер лигата.

Со овој триумф, Спарс избегаа од опасната зона и сега се на 17-то место на табелата со 37 бода, имаат бод повеќе од Вест Хем.

Астон Вила останува петта со 58 бода, а пласманот во Лигата на шампионите е речиси сигурен за нив.

Во овој натпревар, тимот на Унај Емери целосно потфрли, бидејќи не создадоа ниту една шанса, сè до онаа во судиското продолжение кога постигнаа гол. Емери, реши да ги одмори најдобрите играчи, Вила во четврток го игра полуфиналниот реванш во Лига Европа.

Вила делуваше незаинтересирано на теренот, поради што играчите добија свирежи од трибините, а голем дел од навивачите по 65-та минута го напуштија стадионот.

Тотенхем, таа незаинтересираност ја искористи и со два гола во првите 25 минути го реши победникот.

Прво, Конор Галагер постигна гол од далечина во 12-та минута, пред Ришарлисон да го совлада Емилијано Мартинез со глава во 25-та. Конечниот резултат го постави Емилијано Буендија.

Борбата за опстанок продолжува. Тотенхем ги има Лидс, Челзи и Евертон пред себе, додека Вест Хем се соочува со Арсенал, Њукасл и Лидс.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top