Тотенхем и Тудор спогодбено се разделија

Тотенхем и Тудор спогодбено се разделија

пред 4 часа

Игор Тудор повеќе не е менаџер на Тотенхем, објавиво неделата, англискиот клуб.

Во официјалното соопштение се наведува дека станува збор за спогодбен раскин на договорот. Тотенхем ќе го добие својот трет тренер од почетокот на сезоната, бидејќи Томас Франк претходно беше отпуштен.

„Можеме да потврдиме дека заминувањето на тренерот Игор Тудор од клубот е взаемно договорено.

Тренерот на голманите Томислав Рогиќ и тренерот за кондиција Рикардо Рагначи исто така ги напуштија своите должности. Им се заблагодаруваме на Игор, Томислав и Рикардо за сè што направија во текот на изминатите шест недели, во кои работеа неуморно.

Во исто време, изразуваме сочувство до Игор Тудор за загубата што неодамна ја претрпе и му испраќаме нему и на неговото семејство целосна поддршка во овие тешки времиња. Информациите за новиот главен тренер ќе бидат објавени од клубот подоцна.“

Хрватот помина само 43 дена на клупата на Тотенхем и во седум натпревари постигна само една победа и едно реми со дури пет порази.

Дека Тудор дефинитивно не е човекот за оваа работа покажа последното коло од Премиер лигата, кога Спарс беа поразени од директниот конкурент во борбата за опстанок, Нотингем Форест, со убедливи 3:0.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top