Тренерот на Црвена Звезда ќе биде нов селектор на Србија?

Тренерот на Црвена Звезда ќе биде нов селектор на Србија?

пред 14 часа

Актуелниот тренер на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, според ексклузивни информации на „Спортски журнал“, ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Србија.

Иако меѓу потенцијалните наследници се споменуваше и Вељко Пауновиќ, „Спортски журнал“ открива дека изборот паднал на Милојевиќ, кој ќе биде официјално потврден на седницата на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија закажана за 17 октомври.

Одлуката доаѓа само еден ден по оставката на Драган Стојковиќ – Пикси, кој се повлече по поразот од Албанија (0-1) во Лесковац, резултат што практично ја затвори вратата за Србија за пласман во баражот за Светското првенство 2026.

Интересно е што Милојевиќ ќе ја комбинира новата функција со сегашната на клупата на Црвена Звезда, до зимската пауза ќе продолжи да го води клубот во Суперлигата и Лигата на Европа, по што клубот ќе добие нов тренер.

Дебитантскиот настап на Милојевиќ како селектор треба да биде на големиот дуел со Англија на „Вембли“ на 13 ноември.

Share
Scroll to Top