Трилер завршница во „Берси“ – Франција ја победи Германија

Трилер завршница во „Берси“ – Франција ја победи Германија

пред 3 месеци

Кошаркарската репрезентација на Франција ја совладаа селекцијата на Германија во преполната „Берси“ со резултат 73:69 и се пласираа во финалето на олимпискиот турнир.

Противник на тимот на Винсент Коле ќе биде подобариот од дуелот меѓу Србија и Соединетите Американски Држави ќе се игра од 21:00 часот. Финалето се игра во недела од 21.30 часот. Германија ќе се бори за својот прв медал во историјата кога е во прашање кошарката на ОИ против поразениот од мечот Србија – САД, а таа средба е закажана во чуден термин, во сабота од 11 часот.

Франција не одигра добар турнир на стартот, имаше многу поплаки за работата на селекторот Коле, но во нокаут фазата домаќините најдоа ритам, пред се во одбраната. Откако во четвртфиналето ја совладаа Канада, Французите имаа нова тешка задача во полуфиналето.

Уште потешко стана во првата четвртина, кога избраниците на Гордон Херберт поведоа со 12:2 преку расположените Денис Шрудер и Франц Вагнер. Сепак, „триколорите“ до полувремето успеаја да изедначат. Клучна беше втората четвртина во која на Германија и дозволија да постигне само осум поени.

Во третиот период видовме голема борба, а одличен беше кошаркарот на Реал Мадрид Гершон Јабуселе, кој заедно со искусниот Никола Батум ги држеше Французите во игра. На крајот од периодот Лесор погодува под кошот, а Еван Фурние погоди тројка за „ерупција“ во Берси и најубедливо водство на домаќините, 56:50.

Во последната четвртина Германците имаа проблем во организацијата на играта, Французите ги исклучија од играта Шрудер и Вагнер, па Франција дојде до предност од 13 поени.

Сепак, избраниците на Коле со низа лоши одлуки ги вратија Германците во игра, а по тројката на Франц Вагнер на 40 секунди до крајот, Германија се доближи на само -2 (70:68). Виктор Вембањама беше фаулиран и погоди слободно фрлање, па Германија имаше шанса за продолжение на 10,9 секунди до крајот на натпреварот. Шридер веднаш беше фаулиран и го промаши првото слободно фрлање, а тоа беше практично крајот на натпреварот. Ѕочка на победата на Франција стави еден од најдобрите Французи, Ајзеа Кординие.

Кај Франција најрасположен беше Гершон Јабуселе со 17 поени, седум скока и две асистенции. Го следеше Ајзеа Кординије со 16 поени, седум скока и две асистенции

Виктор Вембањама со 11 поени (4/17 од поле) со седум скока и четири асистенции, како и Матијас Лесор со 10 поени и четири скока беа двоцифрени.

За Германија, Денис Шрудер постигна 18 поени со два скока и четири асистенции, а двоцифрен беше и Франц Вагнер со 10 поени, девет скока и три асистенции.

Share
Scroll to Top