Сер Џим Ретклиф еден од најбогатите Британци и сосптвеник на 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед, незадоволен од резултатите на тимот, во летниот преоден рок ќе направи темелна реконструкција.
Многу играчи би можеле да го напуштат клубот од Манчестер, кој е на шестото место во Премиер лигата и со години талка по заминувањето на легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон.
Според „марка“, само тројца играчи сигурно ќе останат во клубот. Тоа се Расмус Хојлунд, Алехандро Гарначо и Коби Мајно.
Сите останати се поделени во две категории, оние кои Јунајтед сака да ги продаде за да заработи и купи подобри играчи, и оние од кои Јунајтед сака да се ослободи по секоја цена.
Касемиро, Рафаел Варан, Хари Мегваер, Антони, Кристијан Ериксен, Мејсон Маунт, Андре Онана, се фудбалерите кои можат да заминат доколку дојде вистинската понуда за нив.
Арон Ван-Бисака, Џејдон Санчо, Дони ван де Бек, Мејсон Гринвуд и Амад Диало се меѓу играчите од кои Јунајтед планира да се ослободи.