Турција без Кабак на ЕУРО 2024

Турција без Кабак на ЕУРО 2024

пред 6 месеци

Турскиот дефанзивец Озан Кабак (24) ќе го пропушти Европското првенство во Германија, откако заработи повреда на лигаментите на коленото на пријателскиот натпревар против Италија, објави во средата Турската фудбалска федерација (ТФФ).

Кабак, кој игра за германскиот прволигаш Хофенхајм, го напушти теренот на носилки во првото полувреме на ремито 0-0 на Турција со Италија во Болоња.

Кабак кариерата ја започна во Галатасарај за чиј младински тим настапуваше. Според податоците на „Трансфермаркт“, Штутгарт го донел за 11 милиони евра во 2019 година, а Шалке половина година подоцна за 15 милиони евра.

Беше на позајмица и во Ливерпул и Норич, а од 2022 година е член на Хофенхајм кој за него издвои седум милиони евра. Неговата вредност се проценува на десет милиони евра.

Ова е уште еден проблем за селекторот Монтела, кој претходно остана и бе Чаглар Сојунџу.

Турција во понеделник ќе го одигра вториот подготвителен натпревар со Полска пред ЕП, каде на 18 јуни во Дортмунд ќе го одигра првиот натпревар од групата Ф против Грузија.

Освен овие две репрезентации, во групата Ф се уште Португалија и Чешка.

Share
Scroll to Top