Еден од дерби дуелите во Премиерлигата се игра денеска од 18.30 часот. На „Енфилд“ тимот на Ливерпул го дочекува европскиот шампион, Челси.
Двата клуба имаат голема амбиција сезонава, и двете екипи тргнаа со 2 победи и со гол разлика 5:0.
Менаџерот на „сините“ Томас Тухел вели дека одвај чека да почне мечот.
„Мечот со Ливерпул е еден од најголемите предизвици со кои може да се соочите во европскиот фудбал. Двата тима имаа добар старт, па од првата минута ќе се бориме за посакуваниот резултат.
Лукаку повторно е во Челси, ќе биде големо засилување за тимот. Во Ливерпул пак, по повредата се врати Вирџил Ван Дајк. Нивните дуели ќе бидат во фокусот.
„Се радувам на дуелите меѓу Лукаку и ван Дајк. Верувам дека исто ќе биде случај и со навивачите. Ќе биде тоа голем предизвик за Ромелу, на „Енфилд“ ќе го чека силен искусен играч, а тој такви мечеви сака“ порача Германецот.