Тухел загрижен за Рајс: Ќе видиме, никогаш немаше да извадам од игра

Тухел загрижен за Рајс: Ќе видиме, никогаш немаше да извадам од игра

пред 5 часа

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ја пофали реакцијата на својот тим по слабото прво полувреме, на отворањето на Светското првенство и победата над Хрватска (4:2). Тухел, по натпреварот зборуваше и за повредата на Деклан Рајс.

Германскиот стручњак истакна дека тимот по паузата, во второто полувреме одиграл во согласност со идентитетот што сака да го види на теренот.

„Добра реакција. Првото полувреме беше доста комплицирано за нас. Бевме нервозни. Во одлуките што ги донесовме, најчесто избиравме побезбедни решенија и ја враќавме топката назад. Се мачевме да најдеме ритам и немавме доволно самодоверба да го искористиме просторот што ни се отвори“, изјави Тухел за „ITV“.

Германецот посочи на драстичната разлика во интензитетот на играта помеѓу двете полувремиња.

„Ја видов статистиката која вели дека во првото полувреме добивме само 33 проценти од дуелите на земја, а во второто дури 73 проценти. Значи, дури ни играта без топка не беше доволно добра, не бевме доволно посветени. Бев импресиониран од реакцијата на играчите во продолжението. Натпреварот беше емотивен, имаше многу емоции и ни требаше време да се раздвижиме.“

Тухел се осврна и на замената на Деклан Рајс, што предизвика загриженост кај навивачите.

„Ќе видиме. Се надевам дека сè ќе биде во ред. Искрено, инаку никогаш немаше да го извадам Деклан од игра“, изјави Тухел.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top