Манчестер јунајтед договори уште едно скапо засилување. Во наредните денови нов играч на клубот од „Олд Трафорд“ ќе стане Мануел Угарте.
Јунајтед конечно постигна договор со челниците на ПСЖ околу отштетата што треба да ја плати за уругвајскиот репрезентативец. Угарте ќе се пресели во Англија за 60 милиони евра. Фиксниот дел изнесува 50 милиони евра, останетите 10 „светците“ можат да ги добијат преку бонуси.
Угарте доаѓа во Јунајтед како голема желба на Ерик Тен Хаг и раководството на англискиот клуб по само една сезона одиграна во ПСЖ.
Што се однесува до финансиите, ПСЖ нема да изгуби или да добие ништо, бидејќи за Уругваецот, минатото лето на Спортинг Лисабон му платија 60 милиони евра.
Трансферот на Угарте сега ќе му овозможи на Скот Мектоминеј да се пресели во Наполи.