УЕФА до Инфантино: Поднеси оставка или ќе ние ќе те смениме

УЕФА до Инфантино: Поднеси оставка или ќе ние ќе те смениме

пред 10 часа

Европската фудбалска унија УЕФА му постави ултиматум на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Или тој доброволно ќе поднесе оставка, или 55 европски федерации ќе покренат гласање за недоверба и ќе се обидат да го сменат од функцијата.

Според ексклузивни информации од британскиот весник „The Telegraph“, сите членки на УЕФА се подготвени да гласаат против Инфантино ако тој одбие да поднесе оставка.

УЕФА може да побара вонреден конгрес на ФИФА веќе со 43 национални асоцијации, а со 55 членки, има повеќе од доволно моќ да го започне тој процес.

Драматичниот потег доаѓа само еден ден откако Инфантино беше принуден да го повлече својот контроверзен план за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори.

Планот, проценет на околу 15 милијарди фунти, наиде на жесток отпор низ целиот фудбалски свет, од УЕФА, преку КОНКАКАФ и Азиската конфедерација, до одредени високи функционери во самата ФИФА.

Во соопштение објавено во сабота наутро, УЕФА соопшти дека ја изгубила довербата во сегашното раководство на ФИФА.

„Не можеме повеќе да продолжиме вака, со брзорастечки тајни шеми измислени од неименувани лица и сомнителни придобивки за играта. Мора да ги идентификуваме одговорните и да ги повикаме на одговорност“, се вели во соопштението.

УЕФА додаде дека „ниту една опција не треба да се исклучи“ и дека задачата за обнова на довербата во ФИФА штотуку започнала.

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) веднаш ја поддржа позицијата на УЕФА, повикувајќи на темелна ревизија на раководството и управувањето со светската фудбалска организација.

Иако тензиите меѓу УЕФА и Инфантино постојат со години, околу проширувањето на Светското првенство, финансиската политика и влијанието на политиката врз фудбалот. Овој отворен ултиматум претставува најдиректен напад врз неговата позиција досега.

Инфантино е на чело на ФИФА од 2016 година и до неодамна изгледаше незагрозен, но пропаѓањето на планот за приватизација и обединетиот европски фронт ја создадоа најголемата криза во неговото владеење.

Останува да се види дали претседателот на ФИФА ќе го прифати барањето за оставка или ќе одлучи за отворен конфликт со европскиот фудбал.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top