Барселона вложи жалба до УЕФА, по натпреварот со Атлетико Мадрид (0:2) во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Челниците на клубот и цела Каталонија не беа задоволни од судењето на Иштван Ковач. Независно од жалбата, УЕФА реши да го казни романскиот судија.
По поразот од Атлетико на „Ноу Камп“, на сите ѕвона од Барселона објавија дека биле ограбени од судијата Ковач.
УЕФА независно од поплаките, го казни Ковач, но поради одлука која била донесена против Атлетико Мадрид.
Според „Мундо депортиво“, судиската комисија на Европската куќа на фудбалот не го окарактеризирала како најголема грешка на Ковач фактот што не досудил пенал по, како што тврдат од Барселона, играњето со рака на Марк Пубиљ во сопствениот шеснаесетник – и сè откако голманот Мусо ја започна акцијата на Атлетико со додавање до својот стопер, туку затоа што не го исклучил веднаш Пау Кубарси, кога го соборил Џулијано Симеоне на крајот од првото полувреме.
Иако беше јасно како ден дека станува збор за старт на последниот одбранбен играч, Иштван Ковач му покажа жолт картон на Кубарси, дури подоцна, откако беше повикан од ВАР собата да го погледне видеото, ја промени својата одлука и го исклучи младиот дефанзивец.
Според овој извор Ковач нема да суди до крајот на сеозната во натпреварувањата на УЕФА.
Foto/ EPA






