УФЦ кралот Хабиб најави гостување во Србија

УФЦ кралот Хабиб најави гостување во Србија

пред 4 години

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, кој ја заврши кариерата по саботната победа над Џастин Гејтџи со 29-0 скор, најави пристигнување на гости во Србија, по покана на претседателот на Боксерскиот сојуз на оваа земја, Ненад Боровчанин.

„Честитки на Хабиб Нурмагомедов за тоа што го направи во својата кариера, а најмногу за тоа што на светот покажа што значи да си голем човек. Наскоро ќе го нагостиме во Србија“, напиша Боровланин на Фејсбук со снимка со разговор со Дагестанецот.

Нурмагомедов во видео одговорот беше јасен.

„Голем поздрав за Србија, се гледаме наскоро, кога ќе каже Ненад и кога ќе се договориме, јас сум подготвен да дојдам во посета“, изјави Хабиб.

Share
Scroll to Top