Роџер Федерер нема да учествува на мастерсот во Монте Карло. Информацијата ја објави „СуперТенис ТВ“. Според овој извор учеството во Монте Карло го откажал и Денис Шаповалов.
Федерер, пред десет дена, по пауза од 13 месеци, го одигра првиот турнир. Во Доха, тој го победи Даниеле Евенс, а потоа беше поразен од Николоз Басилашвили.
Поотоа Федерер објави дека нема да игра во Дубаи и на мастерсот во Мајами.
Мастерсот во Монте Карло на програмата е од 11. до 18.април, а титулата ќе ја брани Фабио Фоњини.
Федерер никогаш не победил во Монте Карло, на овој Мастерс четири пати играл во финалето.
Последен пат во Монте Карло, Федерер, учествувал во 2016 година.