Фенербахче подготвиле 10 милиони за Чалханоглу

Фенербахче подготвиле 10 милиони за Чалханоглу

пред 3 часа

По Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на Хакан Чалханолу, кој не сака да ја продолжи кариерата во Италија.

Еден од најдобрите турски фудбалери во последната деценија не сака да ја продолжи соработката со Интер. Договорот му истекува следното лето и иако „нероаѕурите“ сакаат да го задржат, тој не планира да остане.

Хакан сака сам да реши каде ќе игра наредната сезона, ситуацијата ја следи Јувентус, но се чини дека овој фудбалер би сакал да се врати во земјата на своите родители.

Фенербахче подготви десет милиони евра за да го купи 32-годишниот плејмејкер веќе во јануари. Ова е последна шанса на Интер да заработи пари за овој фудбалер бидејќи тој ќе замине бесплатно во јуни.

Хакан постигна три гола на 13 натпревари за Интер оваа сезона. Тој дојде во тој клуб од Милано, а пред тоа играше за Леверкузен, ХСВ и Карлсруе.

Ова лето, Фенер веќе потроши многу пари за засилувања, во клубот дојдоа Ромелу Лукаку, Мејсон Гринвуд, Натан Аке, Коџо Опонг и Ведат Муриќи.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top