Фердинанд за Матиќ: Влијај на играта, не ги држи рацете на половина

Фердинанд за Матиќ: Влијај на играта, не ги држи рацете на половина

пред 3 месеци

Манчестер Јунајтед синоќа доживеа неочекуван пораз на својот стадион со 2-1 од „фенерџијата“ во Премиерлигата – Шефилд Јунајтед. Легендата на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд упати сериозни критики на адреса на српскиот фудбалер, Немања Матиќ кој синоќа беше во стартниот состав на Солкјер.

„Екипата не направи ништо. Марсијал потфрли, исто и Матиќ. Требаше да влезе во дуел и да ја земе топката, а не да ги држи рацете на половина што јас многу го мразам. Господине Матиќ, треба да влијаеш на играта! И не се работи само за него, би можел да издвојам уште неколкумина, како Де Хеа“ – рече Фердинанд.

Јунајтед со синоќешниот неусшех пропушти можност повторно да го прескокне градскиот ривал Сити на врвот на табелата во ПЛ. Шефилд, пак, стигна само до вториот триумф од 20 меча сезонава.

Share

AniWatch free anime: Watch Death Note Episode 12

AnimeDao animedao jojo: DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 24

Scroll to Top