Фернандињо го продолжи договорот со Манчестер Сити

Фернандињо го продолжи договорот со Манчестер Сити

пред 3 години

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Фернандињо го продолжи договорот со „граѓаните“ уште за една година. Така искусниот шпански интернационалец и деветта сезона ќе игра за тимот од „Итихад“.

По потписот на новиот договор Фернандињо рече: „Работата во Сити се уште не е завршена“.

„Во мојата глава, работата се уште не е завршена. Затоа одлучив да останам уште една година и да и помогнам на екипата да ги оствари целите. Мислам дека тоа го можеме, има уште простор за напредок и остварување на целите. Ако продолжам на истиот начин, да го водам тимот на и надвор од теренот, ќе бидам најсреќниот човек на светот“ рече 36-годишниот Фернандињо.

Тој во Сити дојде во јуни 2013 година, со клубот освои 4 трофеи во Премиерлигата и 6 пехари во Лига купот

Share
Scroll to Top