Фернандо Гаго е новиот тренер на Бока јуниорс

Фернандо Гаго е новиот тренер на Бока јуниорс

пред 5 часа

Фернандо Гаго го прифати повикот од својот поранешен соиграч Хуан Роман Рикелме и потпиша договор со Бока јуниорс. Гаго до пред 48 часа беше тренер на Чивас, Мексико.

Бока јуниорс игма исклучително лоша сезона, по 17 кола освои само 24 бода и се наоѓа на 10.место на табелата.

Рикелме реши да го отпушти тренерот Диего Мартинез откако тимот ги загуби последните три натпревари.

Гаго ја прифати понудата, потпиша договор со својот матичен клуб до декември 2025 година.

Share
Scroll to Top